
Проблемите на оризопроизводителите не престануваат. Субвенциите кои требаше да бидат испалтени до крајот на декември мината година сеуште не се исплатени. Цената на оризот незадоволителна, производство мора да се намалува.
„Ние направивме еден протест да ги предупредиме дека ситуацијата е алармантна, нашите барања беа покачување на цената на оризот. Ние сме во една многу тешка ситуација.“ – истакна оризопроизводителот Арсов.
Владата за помош на граѓаните за справување со ковид пандемијата како и последиците од истата имаше издадено 4 пакет мерки, во тек е и петтиот пакет мерки, но во ниту еден ги нема опфатено оризопроизводителите.
Првичната изјава на производителите на белото злато беше дека ќе чекаат до 15 февруари годинава за исплата на субвенции, но соочени со фактот дека неколку пати по ред биле изиграни го најавуваат протестот за 23 февруари со блокирање на патниот правец Кочани – Штип. Сегашните цени по кои се откупува оризот се неддоволни за производителите со што истите не можат да ги поклопат ниту давачките. Исто така, проблемот со вадите продолжува па стравот дека водата ќе се пушти во мај како и вообичаено не изостанува.
Препаратите за прскање на оризот треба да се менуваат на две до три години, нивниот увоз исто така незадоволител. Проблем еден тон, решенија нема. Во најавениот претест производителите на ориз гледаат единствен спас за да се покаже колку нависта е алармантна ситуацијата.
Лаура Стојанова М-Нет