Малолетник од Штип сторител на 22 кривични дела спроведен во Малолетнички затвор Охрид

На 10.02.2020, од страна на полициски службеници Штип, во содејство со Центар за социјални работи Штип, а врз основа на Решение од Основен суд Штип, обезбеден е малолетникот М.З.(17) од Штип, сторител на 22 кривични дела од кои 19 „тешка кражба“. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Штип малолетникот бил спроведен до Малолетнички затвор Охрид за издржување казна затвор за деца во траење од три години.