30 психолози моментално работат на терен во Кочани, а 10 во Штип. Првично се работи со оние кои имаат приоритет

Психолозите се постојано на терен, откако трагедијата во Кочани создади психички последици. Дури 30 во момнтот од утрово работат во Кочани, во Штип 10. Психологот Емилија Бошковска рече дека паралелно на ова тие како стручна служба формират групи и со наставниците, а се работи и со вработениите во градниските и основните училишта. За сега првично се работи со оние, кои што имаат приритет.

“Постојано сме на терен има над 30 во моментот во Кочани од сабајле отидени, а во Штип сме 10. Ги распределуваме силите, работиме тимски и ги распределуваме првично по приоритет затоа што не можеме да стигнеме и ќе им пречиме веке и во наставата, доколку цело време сме тука. Редовно оставаме некој од тимовите да остане на факултетот и секој кој што сака индивидуално, ова нормално важи и за возрасните, не само за младите. Имаат можност да дојдат во советувалиштето за да индивидуално разговараат со колегите. Паралелно формиравме и групи исто така и со наставниците. Се работи и со вработените во градинките, во основните училишта, не се само средните.“, вели Бошковска

Една од причините зошто младите имаат потреба од разговор според Бошковска е затоа што дома во семејствата не се зборува за чувствата. По истата причина тимот од психолози формираат групи за да учениците би се чувствувале по заштитено, додава таа

Според психолозите трагедијата е колективна траума и секој е различен и е во различен степен засегнат. Истакнуваат дека целото општество е афектирано после трагедијата, па затоа настраданите секој со свое темпо ке заздравува. За сега има пријавено доста психолози над 130 засега се пријавени за помош на настраданите.

Иван Митев, М-Нет