Натпреварите во Трета лига – Исток ќе започнат со минута молк во чест на големата трагедија во Кочани

Комисијата за натпреварите на Третата македонска фудбалска лига – Исток донесе одлука со која натпреварите од 11. коло кои ќе се одиграат на 29. март (сабота) со почеток од 15:30 ачсот, како и натпреварите од 12. коло кои пак ќе се одиграат на 31. март (понеделник) со почеток од 16 часот, да започнат со минута молк поради големата трагедија која се случи во Кочани.

Клубовите ќе оддадат почит кон 59-те жртви кои ги загубија животите во големиот пожар во дискотеката во Кочани.

Солидарноста и хуманоста ја покажуваат спортските клубови во најтешките моменти за нацијата.

Александар Ванев, М-Нет