Кочани ќе биде главен приоритет за владата, ќе продолжи грижата за настраданите, а ќе се зголемат и средствата за инвестиции

Кочани ќе биде главен приоритет на владата во периодот кој што ќе следи. Од една страна продолжува грижата за сите повредени лица од трагедијата во дискотетка, од друга страна ќе бидат зголемени средствата за инвестиции кои што ќе следат. Премиерот Мицковски денес истакна дека владата ќе има приоритет во делот на обезбедување инвеститори со цел креирање на нови добро платени работни места.

“Кочани ќе биде наш главен приротет во периодов кој што ке следи. Како што беше и во минатото исто така средствата ке бидат зголемени во периодов кој што ке следи за инвестиции кои што ке следи. Но ќе биде и приротет во делот на обезбедување инвеститори и креирање на нови добро платени работни места. Со две такви компании разговаравме, преговараме.

Особена благодарност премиерот Мицкоски посочи кон медицинските тимови, кои максимално се вложуваат за здравствената состојба на настраданите. Во својата изјава тој рече дека ќе тие како влада ќе продолжат со грижата и за сите кои што се лекуваат во странство.

,,Продолжуваме да се грижиме за сите оние повредени лица. Поминаа оние два критични моменти. И покрај тешката состојба сите се во моментот стабилни, иако имаме 5,6 случаи дека се критични. Ова беше точна реакција. Благодарност до медицинските тимови. Како влада ние го обезбедивме и превозот и сметувањето таму и ќе продолжиме да се грижиме.

Инаку во делот на инвестицијата во Кочани, премиерот рече дека владата е во преговори со две компании, со што веќе се утврдени и местата на ивестициите. Кочани целосно ќе се гради инфраструктурно.

Иван Митев, М-Нет