
24 ракометари кои играат за екипи од Суперлигата настапуваат на Светското првенство кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонската ракометна Суперлига е меѓу најдобрите во Европа, а потврда за тоа е и тековната сезона кога после долги сезона три екипи рамноправно влегуваат во борбата за титулата. Изминатите сезона доминацијата беше меѓу Вардар и Металург, а сега Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид ја водат таа борба.
24 ракометари кои настапуваат во Суперлигата сега се дел и од Светското првенство. 19 репрезентативци го носат дресот на Македонија, додека пак двајца ракометари се дел од селекцијата на Тунис, а по еден ракометар од Холандија, Куба и Словенија настапуваат во Суперлигата.
Најмногу репрезентативци има Алкалоид, вкупно 11 и сите настапуваат за Македонија. Актуелиот шампион Еурофарм Пелистер има осум репрезентативци кои се дел од Светското првенство, шест настапуваат за Македонија, по еден за Тунис и Словенија. Најмалку репрезентативци од водечките екипи во Македонија има поранешниот двократен европски шампион Вардар, вкупно пет. Двајца настапуваат за Македонија, а по еден за Тунис, Холандија и Куба.
Пред Македонија останува уште еден натпревар од групната фаза, против Гвинеја кој се игра утре.
Александар Ванев, М-Нет