Над 90 метри кубни песок и 70 тони сол потрошени во Штип за чистење на снегот

Навремената и организирана интервенција ан ЈП „Стипион“ овозможи улиците, коловозите и торотоарите брзо да бидат исчистени од снежната покривка. Директорот, Панче Стефановски, посочи дека е задоволен од активностите на терен, бидејќи изминатиот период беа исчистени сите улици во сите населени места. Во соработка со ЈП Исар, Македонија пат и приватен оператор се овозможи непрекинато движење и одвивање на сообраќајот во зимски услови.

„Пред се мора да напоменам дека Штип беше градот со најобилни врнежи од снег на ниво на државата со снежна покривка од 40 сантиметри. Со оглед на количината на снег кои за многу кратко време падна во утринските часови јас сум многу задоволен од нашата реакција. Нашата интервенција беше навремена и организирана. За рекордно време беа исчистени сите улици во сите населби.“ – вели Стефановски.

Во изминатата недела расфрлани се 90 метри кубни песок и 70 тони сол. Абразивен материјал и понатаму се фрла по улиците со оглед на фактот дека температурите се ниски и наутро дел од улиците се подмрзнати. Стефановски посочи дека со оваа активност продолжуваат се додека за тоа има потреба.

„При интервенциите беа расфрлени околу 90 метри кубни песок и 70 тони сол. Секако дека ќе продолжиме и понатаму да интервенираме на подмрзнатите улици во утринските часови и да расфрламе абразивен материјал, имаме доволна залиха на сол и песок.“ – додава Стефановски.

ЈП Стипион според програмата за работа има издвоено пест милиони денари за зимско одржување на улици и патишта. Оваа сума согласно праксата од претходните години се покачажала како доволна за да се одржуваат чисти улиците во зимски услови со што непречено би се одвивало движењето и сообраќајот.

Лаура Стојанова М-Нет