
Ќе се обележуваат домашните и увезените производи во маркетите – нов предлог за поддршка на македонското производство, најави денес министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Целта, како што рече тој е јасна зајакнување на локалната економија и стимулирање на домашното производство. Истакна дека министерстовото работи во насока да се превземат мерки, кои што ќе дадат долгорочни резултати.
,,Во рамки на министерството за Економија и труд во нашиот домен ќе додадеме предлог за сите трговци, сите маркети да во нивните рафтови ги одбележуваат кои производи се домашни, а кои се увезени, за да можат граѓаните точно да знаат и да ги купуваат домашните производи. Работиме во насока да превземеме чекори или да дадеме мерки т.е. да обработиме мерки кои што ќе дадат долгорочни резултати или среднорочни. Како на пример тоа што владата работи да ги подржи нашите земјодели.“, рече Дурмиши
Бидејќи македонската економија се соочува со силна зависност од увоз, министерот Дурмиши најави чекори за промена на таа слика
,,До сега не е направено мерка или подршка на внатрешните компании, внатрешните производители. Ако ги направиме и ги имплементираме овие мерки, истите ќе бидат и среднорочни и долгорочни решенија, поради тоа што ќе се намали цената на прехрабените основни производи и на земјоделските производи, затоа што ќе се произведуваат дома. Ние сме увезна држава и повеќе од 80 проценти увезуваме производи. Имаме капацитети, имаме можности треба да се фокусираме да ги подржиме нашите производители и земјоделци со што индирекно ќе влијаеме врз намалување на цената на производите, односно основите производи.“, додава Дурмиши
Министерството најавува дека деталите од мерките ќе бидат објавени наскоро, а целта е јасна – повеќе домашни производи на полиците, пониски цени за граѓаните и посилна економија одвнатре.
Дали новите чекори конечно ќе го намалат увозот и ќе ја вратат довербата во домашното? Останува да се види во иднина.
Иван Митев, М-Нет