
Откако претходниот градоначалник на Општина Штип, доктор Сашко Николов не ја доби довербата на граѓаните и на седмите по ред Локални избори кои се одржаа на 17 октомври годинава, тој продолжи да работи како Кардиолог во штипската Клиничка болница, односно се врати на неговата претходна професија. Меѓутоа, во јавноста се ширеа информации дека познатиот штипски кардиолог ќе даде оставка и од болницата, откако веќе не е на функција градоначалник. Дали навистина доктор Сашко Николов со отказ ќе замине од болницата го прашавме и него. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека се само шпекулации.
„Каде ќе работам ако дадам отказ? Доктор Сашко Николов бил и ќе остане кардиолог во Штип и да не се секираат штипјани“ – кажа Николов.
Николов во штипската Клиничка болница се враќа во 2014 година откако претходно работел во приватна болница во Скопје. Тогаш започнува со тим од седум доктори, 20 сестри и неколкумина болничари и техничари да го развива кардиолошкото одделени во Штип. Важи за млад, надежен кардилог кој својата работа нво болницата не ја запостави дури ни кога беше на функција Градоначалник на Општина Штип. Сега тој повторно продолжува со работа во болницата во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет