
Зголемен бројот на пријавени болни, изнемоштени и немоќни лица како и ковид пациенти за претстојниот втор круг Локани избори за градоначалник во Општина Кочани. Рокот за пријавување беше шест дена пред почетокот на изборите за болните, изнемоштени и немоќни лица и пет дена пред изборите за ковид позитивните и лицата во изолација. Претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димовска Гичева истакна дека претходните пријави за болните и изнемоштени лица важат и од првиот круг, а сегашните пријави за ковид позитивните пацинети и лицата во изолација се поголеми за разлика од претходниот круг.
Во вториот изборен круг Локални избори 2021 година кој ќе се одржи на 31 октомври граѓаните во Кочани ќе избираат меѓу кандидатот за градоначалник од СДСМ, Николчо Илијев, и кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Папазов. Болните, зинмеоштени, немоќни лица како и лицата во изолација ќе гласаат во домашни услови ден претходно во сабота на 30 октомври.
Во Општина Македонска Каменица каде исто таќа за градоначалник ќе се одлучува во вториот круг, пријавени се 29 болни, немоќни и изненоштени лица и 11 ковид пациенти, информираше претседателката на ОИК Кманеица, Бота Димова Атанасова. Таму граѓаните ќе бираат помеѓу Соња Стаменков од Сдсм и Димчо Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ.
Лаура Стојанова М-Нет