Новиот градоначалник во Општина Штип се откажа од користење на службените возила

На првиот ден од градоначалничкиот мандат, новиот грдоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов уште од изутрина со полни раце работа. На првиот официјален прес тој истакна дека започнуваат промените кои веќе се најавени. За почеток кажа дека службените возила во Оптина Штип нема да се користат од страна на градоначалникот, но и идните функционери под Локалната самоуправа, со што се кратат непродуктивните трошоци со време на финансиска криза.

„Како што најавивме во време на финансиска криза ги кратиме и ги намалуваме не продуктивните трошоци. Од денес па во наредниот период јас како градоначалник, но и идните функционери под Локална самоуправа и идните директори на јавните претпријатија нема да користат службени возила и на овој начин истите возила ќе ги ставиме во функција на службите во Општина Штип за да бидат сервис спрема граѓаните.“ – кажа Јорданов.

На прашањето дали претходно употребата на службените возила била злоупотребена, Јорданов не даде конкретен одговор бидејќи кажа дека дополнително ќе се утврдува.

„Дополнително ќе утврдиме како се користени досега службените возила од страна на јавните функционери под Локална самоуправа, но она што јас денеска го пренесуваме е дека ние се откажуваме од користење на службени возила“ – додаде Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов додаде дека направил увид и во градежните активности, со дадена насока истите да бидат започнати и завршени во најкраток можен рок.

Лаура Стојанова М-Нет