Љупче се бореше за парче леб, сега бара само постојана работа за да го добие старателството на неговиот син.

Приказна што започна од нашата редакција, неопходната помош на татко кој се бори да обезбеди парче леб за себе и за својот малолетен син, добива поголеми размери. На почетокот наместо со млеко својот син го хранеше со вода и шеќер, денес благодарение на хуманите граѓани има потребни услови и продукти за живот. Љупче побара помош д институциите, од надлежните и како што јавноста знаеше тој добива помош, работа и градинка за неговото дете. Но Љупче вели реалноста е поинаква.

Љупче е благодарен на хуманите граѓани, кои му излегле во пресрет и му донирале и храна и се што му е неопходно нему и на неговиот малолетен син. Но, помошта општината речиси невидлива.

Во моментот кога пристигнувала храната и донацијата од хуманите граѓани еден од пријавените волонтери бил и Александар. Во телефонски разговор накратко и тој ја долови ситуацијата која таму се одвивала.

Стрателството на неговиот син сеуште е кај неговата мајка. Љупче вели за да си го земе старателството, од Центарот за социјална работа му барале да има стална работа и да биде осигуран.

За реалноста со која се соочува и во која живее Љупче, одговор побаравме и од втората засегната страна, од општината и првиот човек на град Штип, д-р. Николов.

Љупче денеска не бара ништо. Како што вели тој има доволно храна и облека за него и неговиот син одредено време да може да се прехранат. Единствено нешто што му остана е да добие стална работа, со која ќе може да го добие и стрателството над неговиот малолетен син.