ВМФЛ – Исток: Сигурни победи на домакините, само Осогово победи на гости

Денес се одиграа натпреварите од 21 коло на ВМФЛ – Исток во кое коло домашните екипи забележаа 4 победи а единствен пораз доживеа Кожув кој дома во Гевгелија загуби од Осогово од Кочани. Брегалница и Тиквеш победија и се задржува 7 бодовната разлика а камерата на Мнет ТВ го регистрираше триумфот на Каменица Саса против Слога од Виница со голот што го постигна Сашо Дуков во 41 м. . Еве ги комплетните резултати од ова 21 коло:

  1. Каменица Саса – Слога 1:0
  2. Брегалница – Победа 2:1
  3. Тиквеш – Плачковица 4:1
  4. Кит Го Пехчево – Росоман 2:1
  5. Кожув – Осогово 0:1

Табела

  1. Брегалница 55
  2. Тиквеш 48
  3. Кит Го П 35
  4. Кожув 32
  5. Осогово 29
  6. Каменица С 28
  7. Слога 22
  8. Победа 16
  9. Плачковица 11
  10. Росоман 8