
Во натпревар од Лигата на Нациите вечерва во Тбилиси се сретнаа екипите на Грузија и на Македонија. Ова беше натпревар од второто коло откако претходно Македонија во Скопје ја победи репрезентацијата на Ерменија со резултат 2:1. Натпреварот Грузија – Македонија вечерва заврши нерешено 1:1 во кој јунак на мечот беше голманот Дамјан Шишковски кој во судиското продолжение спаси сигурен гол. Македонската репрезентација од 64 м. играше со играч помалку поради директниот црвен картон на Муслиу кој судијата Кјасгард од Данска престрого го додели. Домашните поведоа со удар од пенал во 13 м. а сигурен егзекутор беше Окриашвили. Резултатот на 1:1 го израмни Стефан Ристовски во 33 м. по одличната асистенција на капитенот Горан Пандев. На табелата Македонија како прва има 4 бодови со гол разлика 3:2 , исто толку бодови има и Грузија со гол разлика2:1, трета е Ерменија со 3 бода и четврта е Естонија без освоени бодови.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk