
Се запали автомобил во гаража во населбата Сењак во Штип. Станува збор за возило од марката „БМВ“, кое претрпело материјална штета во пожарот.
Пожарот бил пријавен денеска во 10:55 часот, по што веднаш на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица – Штип со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.
Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа, пожарот бил локализиран и спречено било негово проширување на соседните гаражи. За среќа, во настанот нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.
Засега нема информации за причините поради кои избувнал пожарот.
Иван Митев, М-Нет