ЈП „Исар“со против аргументи до ВМРО ДПМНЕ

Како одговор на денешниот прес  на ВМРО-ДПМНЕ  од Јавното предпријатие „Исар“истапија со образложение .

Тендерска постапка за набавка на безалкохолни пијалоци и сладолед за продажба на граѓаните при посета на бања Кежовица и ЗОО паркот Бриони се редовни постапки кои се правени и во време кога ВМРО-ДПМНЕ била на власт. Нивната цел е да сеат лаги со кои ги доведуваат во заблуда граганите на Штип, велат од ЈП Исар од каде потсетуваат  дека, актуелното раководство на Јавното предтпријатие Исар ги вратило сите долгови од предходното раководство и во изминативе неполни 3 години ги реализирало повеке активности мегу кои :

На над 30 локации на територијата на град Штип се поставени платоа за селекција на отпад контејнери за КЦО, пластика и стакло со што дивите ѓубришта се веќе минато, вкупно се поставени 150 корпи за отпадоци  850 канти за домаќинства и 260 контејнери

Во однос на парковите површини кои предходното раководство ги остави во руинирана состојба како Аргачот и многу други  денес граѓаните се сведоци дека се целосно партерно уредени со урбана опрема, декоративни садници, цветен насад и системи за наводнување капка по капка и ротациони прскалки.

 За континуирано и навремено водоснабдување ЈП Исар инвестира во изведба на 2 нови бушени бунари, нови и реконструкција на водоводни и канализациони линии во должина од 12,6 км со инвестициона вредност од 46,6 милиони денари, и на наше големо задоволство денес жителите на населбата Балканска пијат чиста и здрава вода, а во тек е решавање на водоснабдувањето на населбата Чардаклија.

За трајно решавање на водоснабдувањето ова раководство успеа преку владата на СДСМ да обезбеди 4,5 милиони евра за адаптација на филтер станицата за прием на водата од Х.С Злетовица со капацитет од 300 л/с. Литри во секунда

Од истакнатово може да се каже дека ова раководство на ЈП Исар се залага за подобар живот на сите граѓани на Општина Штип а луксузирањето може да се препише на владеањето на ВМРО-ДПМНЕ. Стои мегудругото во соопштението до јавноста  испретено од раководството на ЈП „ Исар“ како одговор на денешниот прес на ВМРО-ДПМНЕ

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет