За 130 основци од Македонска Каменица учебната година се уште не е отпочната

Околу половина од учениците од каменичкото основно училиште „Кирил и Методи“ веќе 19 дена не ја следат наставата. 130 од вкупно 350 основци продолжуваат со бојкот. Според Советот на родители, не се работи за намерно отсувство од настава кај сите бидејки 30 проценти од децата биле принудени на тоа немале интернет и ИТ уреди за следење на воспитно-образовниот процес. Игор Стојчевски дел од Советот на родители за М Нет истакна дека во досегашните  двонеделни интензивни преговори со нивната локална самоуправа и градоначалничката Соња Стаменкова не наишле на компромисно решение. Во најновата објава на Министерството за образование во која стои дека на вкупно 34 училишта дополнително им е разгледано и усвоено барањето за држење настава со физичко присувство, наместо онлајн настава, не спаѓа ова основно училиште. Советот на родители останува дециден на ставот дека треба да се почитуваат родителските и правато на избор на самите ученици за начинот на следење на воспитно образовниот процес. Дали оваа своевидна непослушност на значаен дел на родителите ќе биде регулирана на поразлчичен начин, односно дали ќе биде испочитуван нивниот став ќе покаже состанокот кој е најавен за утре. Конечно ќе се знае дали учениците од Македонска Каменица за кои новата учебна година сеуште не е отпочната ќе имаат премногу натрупани матерјали за работа и ќе мораат да продолжат ѓи трпат недоразбирањата помегу локалните и  министерските власти.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет