Измени и за штипската јавна и локална администрација доколку се усвои дополнителен сет мерки на Владата

По најавата на Министерот за здравство, за тоа дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот, што ќе значи половично работење, работење во смени, редуцирано работење на лицата кои се дел од јавната и локалната администрација.

Сите економски оператори до 23 часот, како и ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти в.д градоначалникот Јане Миланов за М Нет изјави дека истите дословно ќе се почитуваат, Тоа би значело дека и препорака до целата државна и јавна локална штипска администрација.

Штипскиот Апелационен  и Основен суд  ќе работи во две смени или онлајн од дома. Градоначалникот на Штип е согласен дека состојбата се влошува и дека можат да се применат порадикални превентивни мерки кои ке ги донесе извршната власт.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени  и денешните новите 161 случаи, Штип повторно котира на треторо место во државата, капацитетите во болниците Штип се веќе исполнети, и засега е непознато дали штипското здравство односно неговото раководство ќе го следи примерот со битолскиот  каде е отворено  уште едно крило. Министерскиот аларм за сериозност на состојбата би бил полициски час. Состојба која не е посакувана во градот под Исарот и до која според Миланов не би требало да дојде имајки ја во предвид граѓанската дисциплинираност за следење на здравствените протоколи.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет