
Пелистер го доби првиот Јапонецот кој го облекува дресот на клубот од Битола, Масаки Такахара е претставен како второ зимско засилување, после рускиот напаѓач Захар Тарасенко.
„Такахара ќе биде првиот јапoнец што ќе заигра во зелено-белиот дрес.Тој доаѓа од екипата на Струга, а предходно има настапувано уште за Гостивар во ПМФЛ, и за уште неколку клубови во Германија. Такахара веднаш ќе му се стави на располагање на Захариевски“, се вели во соопштението на клубот.
Пелистер ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а во пролетниот дел ќе го води Срѓан Захариевски.
Александар Ванев, М-Нет