
Во тек се подготовките за реализацијата на државната матура низ општините во земјата и активностите се во завршна фаза. Останува да се средат набљудувачите и тестаторите и да пристапат како лани на одржување на државната матура, истакна денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска која одговараше на новинсрки прашање во Штип. Минситерката за образование и наука, Јаневска истакна дека матурантите лани за разлика од претходните години покажа подобри резултати.
-Помалку на употреба на недозволени активности од учениците, а се надевам дека така со државната матура да немаме никакви проблеми годинава-изјави Јаневска.
Министерката за образование и наука, Јаневска истакна дека контролите за време на полагањето на државната матура се предвидени по процедура и како што рече станува збор за интегритет на луѓето кои што ја спроведуваат.
-Јас се надевам дека од година во година тоа ќе биде се поуспешно-рече Јаневска.
Таа истакна дека се зголемува и бројот на училишта што ја воведуваат едносменската настава, но и расте и бројот на училишта кои се оптимизираат,а како што посочи Јаневска тоа е одлична вест за нашата држава.
-Во моментов таму каде што е најгусто населението или најголем број на ученици се уште сме во фаза на доградба на капацитети за спроведување на едносменската настава. Последното училиште кое јас го посетив во правец на едносменска настава, кое ќе почне од септември е училиште во општина Ѓорче Петров. Но истото се случува, во фази и во други општини.
Минситерката за образование и наука, Јаневска истакна дека досега 200 училишта во државата се премината на едносменска настава.
Иван Митев, М-Нет