
Денеска во гимназијата „Салвчо Стојменски“ во Штип беше пречекан штипскиот гимназијалец Даниел Христов кои освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од Гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип.
-Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медална овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди.
Горди сме на тебе! Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само дел од твоите големи успеси-велат од СОУ „Славчо Стојменски“-Штип.
Менделеевата олимпијада по хемија е најстарата, најтешка и најпрестижна олимпијада по хемија, а се одржа во Москва, Русија. Христов пред три години. Од гимназијата истакнуваат дека се горди на успехот на нивниот ученик.
Дајана Сандева, М-Нет