
По 100 денари осигурување плаќаат учениците во училиштата, но кога ќе се случи повреда – обештетување нема. Родителите во последниот период реагираат дека за скршеници и други незгоди за учениците, не добиваат ништо, освен ако не станува збор за траен инвалидитет. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, од Штип вели дека ваквата пракса е лоша и дека училиштата треба да внимаваат со какви компании склучуваат договори, а доколку тие не ги исполнуваат обврските, правата да се бараат во надлежните институции.
,,Општинските училишта, каде што министерството нема посебна ингеренција. Општината, градоначалникот и советите, имаат вообичаена пракса да ги осигуруваат децата, што и според мене е лоша пракса. Она што е ингиренција на министерството е тоа дека ние го променивме правилникот за тоа каде како треба да се трошат парите, кои училиштетот ги собира од родителите, односно од учениците, за разни активности, вклучително екскурзии, па еве и осигурување. Училиштата, ракводоствата, па и општините, треба да водат сметка со какви компании склучуваат догвори и доколку не е соодветна одговорот на компанијата кон договорот, секако да си ги побараат правата во другите институции на државата.“, вели Јаневска
Како што кажа министерката Јаневска, ингеренција на општинските училишта нема министерстовто. Во овој случај, како што посочи таа имаат општиата, градоначалниците и советите, што според нејзе е лоша пракса. Јасно истакна, дека според она што тие имаат ингеренција е направено, а тоа се однесува на промена правилникот за тоа каде и како треба да се трошат средствата, кои училиштата ги собираат од учениците за разни актвиности, вклучително екскурзии, па и осигрувуањето.
Иван Митев, М-Нет