Што е поисплатливо греењето на струја или на дрва?

Во полн ек на грејната сезона, но и во енергетска криза каде се најавува покачување на цената на електирчната енергија, ги прашавме штипјани на што се греат, односно што е по исплатливо. Факт е дека се следи праксата кој на што почнал на тоа и продолжува да се грее, односно нема промени заради одредени причини. Поголем дел од анкетираните граѓани се греат на дрва, меѓутоа има и такви за кои греењето на струја е поисплатливо.

„На дрва. Поисплатливо е, но и потопло. За поисплатливо не можам да кажам дека е, но мора да се топлиме на нешто“

„ние се грееме на струја, за мене е поиспплатливо. Сметките за струја не се многу високи, а и сега не очекувам драстично зголемување на сметката за струја“

Граѓаните на Штип истовремено додадоа дека колку примањата, толку и местото каде што се живее влијаат врз одлуката дали ќе се греете на дрва или на струја. Имено, оние кои живеат во куќа велат декаа дрвата се поисплатливи, за разлика од оние кои живеат во стан и за кои поисплатливо е греењето на струја.

Лаура Стојанова М-Нет