
Салата во Радовиш носи среќа за Штип УГД, одбојкарот Давид Стојанов вели дека во СРЦ „25 Мај“ минатата година одиграле два натпревари на кои доминирале и убедливо славеле, очекува во исто такво светло одново во радовишката сала да го добијат и норвешкиот Кол Ил и да обезбедат следна фаза во европскиот Челинџ Куп.
„Па јас би сакал да напомнам дека минатата година ние имавме два натпревари во таа сала и двата натпревари заврши со 3-0. Едниот беше во финалето од Купот мислам дека таа средба ден денес ја паметам како изигравме сите како едно, немавме никакви грешки, доминиравме на теренот се надевам и на утрешниот натпревар некоја таква претстава од нашата цела екипа со ист резултат“. вели Стојанов.
Влезот во радовишката сала ќе биде слободен, тоа е уште една причина плус да се наполни салата, одбојкарите бараат поддршка од штипската, но и од целата македонска јавност и полни трибини во СРЦ „25 Мај“ со цел прва европска победа која би можеле да ги однесе во следната фаза каде ќе ги одмерат силите со италијански Милано.
„Би сакал да ја поканам целата штипска, па и македонска публика утре да дојде во салата „25 Мај“ во Радовиш со почеток од 19 часот, да и биде ветер во грб на нашите момци, да биде наш седми играч. Сакам исто да напоменам дека влезот во салата е бесплатен, не се плаќа влезница, така да се надевам и скоро можам да кажам дека сум сигурен дека со поддршка од публиката со дисциплинирана игра на нашите момци се гледаме во следното коло во Челинџ купот“, истакна Стаменков.
Натпреваот започнува во 19 часот, а поддршка од трибините за Штип УГД ќе значи многу, а одбојкарите се надеваат на полна сала и позитивен резултат за испишување на нова, но овој пат европска историја за клубот од градот под Исарот.
Александар Ванев, М-Нет