
Од оваа година во Штип се реализираат „Плазма Спортски игри за млади“, кои по првпат ќе бидат опфатени во Македонија и во градот под Исарот, а претходно се реализираат во Словенија, Хрватска и Србија, веќе неколку години.
Претседателот на сојузот на училишен спорт на Штип, Зоран Арсов во гостувањето во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија зборуваше повеќе околу оваа тема и сите активности кои ќе произлезат од „Плазма Спортски игри за млади“.
„Министерството за спорт во соработка со Федерација на училишен спорт ќе организира еден голем спортски спектакл тоа се Плазман спортски игри за млади кои се застапени во Словенија, Хрватска, Србија веќе неколку години. За првпат годинава се внесуваат во Штип, преку Федерација на училишен спорт и Министерството за спорт. Интересно е што во футсал започнуваме со класни натпревари, значи едно училиште ќе има повеќе екипи, победникот од секое училиште, за потоа да настапат на општински натпревар, а победникот оди на зонски натпревари, регионални и државни натпревари. Од овие спортски игри за млади наречени Плазма. Ќе учестуваат и доста познати спортисти, други натпревари се футсал, баскет 3на3, ракомет одбојка, шах, пинг-понг, народна и атлетика“, рече Арсов.
Овие „Плазма Спортски игри за млади“ ќе понудат многу спортски активности, односно спортски дисциплини, а се работи за голем проект со многу спортски натпревари.
„Ова е еден голем проект со многу натпревари, мислам дека ќе успееме со крајот на учебната година да ги завршиме и овој проект на Министерството за спорт заедно со Федерација на училишен спорт“, дополни Арсов.
Новите спортски дисциплини како народна и атлетика будат голем интерес кај учениците за учество во овие спортски активности, покрај стандардните како футсалот, одбојката и ракометот.
„Ние пријавивме учесници за народна и атлетика и имаме доста добар одѕив на учениците за нардона и атлетика кои ќе бидат во посебни градови организирано. Мислам дека ќе биде интересно ќе биде добро да се следи и за учениците кои ќе се натпреваруваат“, дополни Арсов.
„Плазма Спортските игри за млади“ ќе овозможат и меѓународни натпревари со што учениците од Штип и Македонија, кои покрај домашните натпревари ќе имаат можност да се докажат и на меѓународно ниво, а со тоа ќе се овозможи и меѓународна соработка.
Младинскиот спорт во Македонија отвора ново поглавје со пристапувањето кон меѓународната платформа „Спортски игри за млади“, а Штип станува дел од истата.
Александар Ванев, М-Нет