
Интересот за билјардот како спорт во градот под Исарот е во постојан раст, првиот професионален клуб за билјард Штип во моментот брои 15 членови, а започна пред околу година и пол со пет членови.
Од денес клубот се пресели во новите простории лоцирани на трибината на Градскиот стадион во Штип, со што сега има простор за поголем развој, клубот располага со две маси, но има далеку подобри услови и за професионални тренинзи.
Клубот пред себе ги има поставено цели за 2026 година, ќе има попрофесионални турнири и тренинзи, во план е учество на надворешни турнири, како и на Европско првенство.
Клубот започнал со пет членови денес брои 15, возраста не е важна, секој којшто е љуботен на овој спорт може да стане член.
Вратите на клубот се отворени во секое време за секој кој е заинтересиран и сака професионално да се занимава со билјардот како спорт. Клубот сега има далеку подобри услови за работа, за тренинг и за одржување на турнирите благодарение на одличната соработка и поддршка која клубот ја има од општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов.
Овој спорт не познава граници кога се во прашање години, секој кој има интерес и желба професионално да се занимава со билјардот како спорт, може да го контактира клубот и да стане член. Нови простории овозможуваат и присуство на публика како за време на турнирите, така и за време на тренинзите што е голема предност и за самиот клуб во неговиот развој.
Александар Ванев, М-Нет