Карбинци домаќин на Тиверија, Победа Валандово на дерби меч со Хоризонт Турново

Утре се играат натпреварите од 18. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, а дербито на колото ќе биде во Валандово каде Победа ќе го пречека некогашниот вицешампион на Македонија, Хоризонт Турново.

Меч од капитално значење особено за екипата на Победа, која ќе мора да го добие истиот со цел да го стигне лидерот Овче Поле. Пред стартот на оваа коло Овче Поле е лидер на 37 бодови, Победа Валандово е втора со 32 бодови, но со два натпревари помалку, а пак Хоризонт Турново е трет со 31 бод.

Карбинци на домашен терен ќе игра против Тиверија од кој меч трите бодови може да направат промени, домаќинот сака победа за шесто место, а струмичани сакаат три бодови за петто место.

Во Делчево се игра големото дерби меѓу Брегалница и Малеш од Берово, каде домашниот тим е фаворит. Во претходното коло Брегалница одигра 1:1 со Хоризонт Турново, но овој меч тимот од Делчево го загуби службено поради неправилна измена со повреда на правилото за младинец и остана без тој освоен бод.

Во Пирава се игра дерби на Југот меѓу Ударник и Дојранско Езеро, каде домашниот тим е фаворит за трите бодови.

Александар Ванев, М-Нет