Штип – Пожар во месноста Плуждино

Во близина на штипските градски гробишта, во месноста позната како Плуждино, попладнево избувна пожар, кој под влијание на силниот ветер зафати поголем дел од околината.

Екипа на Мнет.мк беше на лице место и со видео материјал го евидентираше пожарот.

Жителите во овој дел веднаш се организираа и со шишиња полни вода се обидуваа да го изгаснат и да ги спасат куќите кои се наоѓаат во близина.

После околу половина час пристигнаа пожарникари од ТППЕ Штип.

Информации од командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов очекуваме подоцна, откако ќе се локализира пожарот или во текот на утрешниот ден.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Плуждино пожар

Posted by M»Net HD on Tuesday, July 7, 2020