
По три часа борба со огинот, кој поради силниот ветер брзо се ширеше во месноста Плуждино, пожарникарите од ТППЕ Штип, успеаја да го изгаснат.
Командирот, Тони Атанасов рече дека на терен излегле 12 пожарникари со три возила, кои со помош од млади момчиња, од таканаречена група Контрабанда, го локализирале пожарот и успеале да ги спасат куќите и боровите дрвца во непосредна близина.

Во пожарот изгореле дрвена барака, висока трева и нискостеблеста шума.
По дојава од жители, кои во Плуждино имаат викендици и денес се забележувал чад во во таа област, па дел од пожарникарите излегле на терен да направат увид.
Од командирот Атанасов дознаваме дека пожарот во Плуждино вчера не бил единствен. Имале интервенции на повеќе локации и тоа во с.Таринци, во Општина Карбинци, штипската населба Баби и во месноста Калимерово.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ