Штипјани се принудени да пешачат по фреквентите улици, тротоарите се зафатени со хаварисани возила

Хаварисани стари возила се постојан проблем за пешаците во Штип. Покрај што истите се паркирани на јавни површини, тие делумно се паркирани и на тротоарите, па истите претставуваат проблем за минувачите. Принудени сме да се движиме по фрекфентните улици и се чувствуваме небезбедно истакнаа анкетираните пред камерите на М-Нет телевизија и велат дека потребно е санирање на ваквиот проблем за да останат безбедни пешаците, но и возачите додека минуваат.

“Е тоа смета што неможе да биде, еве тука кај мене на тротоарот има и не може да се замине. Кај пералните каде што се. Некогаш не можам ниту да видам коли налетуваат до мене.”, истакнаа граѓаните

“Треба да се тргнат, треба да се очисти градот, не може така кола оваму, кола онаму. Ова на што личи стари коли да стоат овде.”, додаваат граѓаните

“Пајак треба да има и да ги тргаат, бидејќи се е на тротоарот. Пајкот нека дојде и нека ги зима, не сум должен јас по улицата да одам.”, велат граѓаните

„Треба да се очисти се е убаво“, доаваат граѓаните

Проблемот со хаварисаните возила постојано создава реакции кај граѓаните, а овде надлежност да реагира е комуналниот инспектор при општина Штип. Кога има хаварисани возила на јавна површиана од инспекторатот оставаат опомени со кои сопственикот треба да го одстрани возилото во рок од седум дена. Доколку тоа не се случи, ЈП Стипион го зема возилото и го носи во новакова чешма. Ако потоа сопственикот сака да си го врати возилото треба да докаже дека е негово и да плати 3000 денари.

Лаура Стојанова, М-Нет