Штипјани, но и гости од Скопје и Виница собра црквата „Света Троица“ во населба Баби

Штипјани, луѓе кои се од Штип, но живеат во другите градови, како и гости од Скопје, Виница и околните места денеска ја посетија црквата „Света Троица“ во населбата Баби. Задоволни од пречекот и гостопримството, некои редовни посетители, други доаѓаат првпат, за местото имаа само пофални зборови, а по повод празникот меѓу себе си посакаа здравје, среќа и мир на сите.

Во оваа црква празникот го слават три дена, а се подготвува и голема количина храна за сите посетители. Се готви три дена и тоа различни јадења.

„Тука на ова место се слави слегување на Светиот Дух врз апостолите. Го прославуваме овој празник три дена како Господов празник. Подготвуваме храна, Го молиме Господ Исус Христос, доаѓаат луѓе од многу градови“, вели Далибор Спасков, ктитор на црквата.

Вчера, на првиот ден, црквата исто така бележеше посетеност, а за посетителите беше организирана и културно-уметничка програма. Вечерва ќе биде организиран сенароден македонски собир со естрадниот уметник Јордан Митев.

Ребека Спасова М-Нет