Штипјанец лажно пријавил дека ја загубил возачката, му била одземена во Германија

СВР Штип поднесе кривична пријава против 39-годишник од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. Пријавениот се стекнал со две возачки дозволи на тој начин што дал лажен исказ, во кој изјавил дека возачката дозвола ја има загубено, а не дека му била одземена во Сојузна Република Германија поради сторен прекршок.