Кривична за 27-годишник од Штип, со туѓа картичка платил 4.200 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.З.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 25.12.2023, откако пријавениот неовластено пристапил во електронскиот систем на трансакциски сметки на лице од Штип, ги употребил неговите податоци од банкарска картичка и се стекнал со противправна имотна корист од 4.200 денари.