
Уште еден голем успех за младиот штипјанец Стефан Ѓоргиев кој успеа да се пласира на Светското првенство во бодибилдинг кое ќе се одржува во Шпанија.
Ѓоргиев пред околу месец дена за телевизија М Нет ги најави овие два важни натпревари за него, кој всушност му обезбедија „виза“ за настап на Светско првенство во бодибилдинг.
Овие два натпревари беа дел од квалификациите за Светкото првенство во бодибилдинг, а преку кои 21-годишниот Ѓоргиев успеа да обезбеди место на Светското првенство и да настапува на истото.
Ѓоргиев за М Нет телевизија рече дека очекува да го освои првото место односно Светска титула во бодибилдинг.
Ѓоргиев исто така зборуваше и за неговите подготовки и за начинот на исхрана.
Ѓоргиев за телевизија М Нет рече дека очекува да се врати со злато од Светското првенство.
Светското првенство во бодибилдинг на кое ќе настапи штипјанецот Стефан Ѓоргиев ќе се одржи во Шпанија на 1. јуни.
Александар Ванев, М-Нет