БК Пинк Пантер му врачи плакета на Драги Герасимов – Пушка за особен придонес за афирмација на боксерскиот спорт!

Овој викенд во Штип по неколкугодишна пауза се одржа третиот Меѓународен боксерски турнир „Јордан Мијалков“, со што Штип уште еднаш го потврдува приматот како град на спортот.

На овој спортски настан боксерскиот клуб Пинк Пантер му врачи плакета на спортскиот новинар Драги Герасимов – Пушка, кој беше дел од М Нет телевизија за особено придонес и афирмација за развој на боксерскиот спорт во Штип.

Ова награда Герасимов ја добива како медиумски работник кој во изминатите 20-тина години е најголем афирматор на боксерскиот спорт во Штип.

Ова плакета доаѓа како признание за особен придонес за афирмација која Герасимов ја има направено за боксерскиот спорт во Штип, а од клубот плакетата му ја врачија на Герасимов со јавна благодарност за се што има направено тој за боксот во Штип.

Од клубот за телевизија М Нет истакнаа дека Герасимов заслужува јавна благодарност од нив како клуб со голема почит која Герасимов ја добива од сите боксерски работници во градот.

Александар Ванев, М-Нет