
По три одиграни кола во Втората футсал лига на Македонија три екипи имаат максимален број на бодови односно девет бодови, а тоа се Кораби од Дебар, ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе и екипата на Мал Ајакс од Штип.
Кораби е лидер со најмногу постигнати погодоци вкупно 37, а пак Овче Поле има најмалку примени погодоци само два, додека пак штипајни се трети со постигнати 18 погодоци, а примени девет гола.
Во рамки на последното трето коло Мал Ајакс го доби Балкан во Штип паднаа девет гола за победа на Мал Ајакс од 5:4. Кораби како на ракометен натпревар го декласираше Карадаку со 21:4, ССК Скопје со 11:2 беше пресилен противник за СЕЕ Университи, а пак Победа дома загуби од ланскиот прволигаш Овче Поле со 0:3.
Партизан Југ со 6:2 славеше над Кратово, а пак Конзули забележа голема победа над Каршиака со резултат од 6:2.
Без бодови остануваат екипите на Кратово и ланскиот прволигаш Карадаку.
Александар Ванев, М-Нет