Штипски Текстилец гостува кај Драчево, Овче Поле домаќин на Кичево, Младост во Богданци го чека Вардар Неготино!

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од седмото коло од Првата ракометна лига на Македонија, а во рамки на истото штипски Текстилец ќе игра против Драчево на гостински терен каде домашниот тим ќе ја има улогата на фаворит да стигне до четвртото славје и со тоа да остане во сериозна трка за плеј-оф. Штипски ракометари на гостувањето кај Драчево ќе ја бараат само втората сезонска победа.

Партизан во претходното коло во Штип славеше над Текстилец, а викендот ќе сака победа на домашен терен и против фаворитот Скопје, што ќе биде навистина тешко тимот од Гевгелија да слави над ланскиот суперлигаш.

Апсолутниот фаворит Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе игра против Јехона, интересен и неизвесен натпревар се очекува во Богданци каде Младост го пречекува ланскиот суперлигаш Вардар Неготино. Трите бодови се силен императив и за двете екипи кои сакаат место во плеј-офот, па овој меч ќе биде клучниот околу тоа која екипа би можела да дојде до место во плеј-офот.

Лидерот во групата Б екипата на Македонија ЃП на домашен терен како голем фаворит ќе се соочи со Преспа Вардар, единствениот тим кој нема триумф во оваа група, ланскиот суперлигаш Мулти Есенс на домашен терен ќе игра против Металург РА практично тоа би било и дербито на колото во групата А, а пак Овче Поле на домашен терен во Свети Николе ќе игра против Кичево.

Александар Ванев, М-Нет