
Трет ден кочанчани не отстапуваат од своите барања за чист град и дислокација на градската депонија. И денеска продолжуваат протестите кои се организираат на кривината која води кон Пониква, кај селото Бели. Одзивот на граѓани е задоволителен, се организираат во неколку смени, целодневно ги блокираат возилата кои носат смет на депонијата, со цел да не се пали и да не го загадува воздухот.
„Депонијада – мораме црното да го направиме бело и така си ја крстивме затоа што голема мака имавме изминатата година поинтезивно. Депонијата е рак рана на Кочани повеќе години ама сега кулминираше. Одзивот и поддршката на народот е солидна.“ – вели Сабовљевиќ.
Проблемот со депонијата е децениски, но последната година кулминираше. Повозрасите граѓании согласни дека чадот го чувствуваат како отров. Загрозено е нивното здравје, а последици има и кај децата. Реагирале многупати ама велат решение нема.
„Цела година тие димови не трове. Дојдено е до крај. Јас сум тешко болен пензионер и ова нас не погаѓа. Да не зборувам за децата и повозрасните. Имаме многупати реагирано.“ – додаваат граѓаните.
Протестот е разбирлив според првиот човек на Кочани. Градоначалникот, Љупчо Папазов потенцира дека во мментот интезивно се работи на решавање на овој проблем долгорочно, со што нема да има повеќе горење и загаден воздух.
„Основното барање е да не чади депонијата, ние тоа го правиме. Огромна количини на земја се нанаесени, отпадот е потрупан со земја, текковните количини се складирани на соодветен начин и ќе бидат овие денови третирани и покриени со земја и очекувам дека ќе имаме реална сосотојба за да не доаѓа до загадување на околината.“ – вели Папазов.
Протестите започнаа во понеделникот, со цел сериозно да се сватат барањата на граѓаните и да се дислоцира депонијата во Кочани. На таков начин ќе се реши и проблемот со загадувањето на воздухот.
Лаура Стојанова М-Нет