Штипските „соколи“ високо прелетаа и го добија Водно Санс со 40 разлика, Борец и Струмица со сигурни победи

Кошаркарите на Соколи забележаа уште една убедлива и доминантна победа на патот кон Суперлигата, откако лесно го „прелетаа“ Водно Санс со 68:108 во „Градски парк“.

Нацевски имаше 22 реализации, Караколев имаше 17, а Блажевски имаше 15. Кај Водно Санс, Сребров постигна 18 поени.

Струмица забележа победа на гостувањето во Прилеп кај Мега Баскет со 90:98 со што струмичани стигнаа до важна победа на патот кон пласман во елитаа.

Борец Баскет беше убедлив во Скопје кде со 70:95 славеше убедлива победа над Вардар, а пак Охрид буквално се „распадна“ и доживеа тежок пораз од Бутел со 69:116.

На врвот и натаму израмнети со по 15 бодови се Бутел, Соколи, Стумица и Борец Баскет, а пак со по 13 бодови за делба на петтото место се Мега Баскет и Вардар. Со по 11 бодови Воднос Санс и Охрид се во долниот дел.

Во плеј-аутот осамен лидер е Тетекс откако славеше над Овче Поле на домашен терен со 90:80, а пак изненадување направи Спортисимо кој стигна до прво славје откако го доби Црн Дрим и тоа во Струга со тесни 75:79.

Младинец го доби дербито од долниот дел за опстанок со Ролинг од Струмица.

На врвот во плеј-аутот е Тетекс со 13 бодови, втор е Овче Поле од Свети Николе со 12 бодови, Црн Дрим сега е трет со 11 бодови, струмички Ролинг е четврти со десет бодови, на петтото место е Младинец со девет бодови, а на дното е Спортисимо со осум бодови.

Александар Ванев, М-Нет