Шампионот Баскет Кам до лесна победа, кошаркарките на Патриот од Делчево со нов пораз

Без изненадувања помина 15. коло во Првата женска кошакарска лига, фаворити според планот, резултати според очекуваното.

Шампионот Баскет Кам од Македонска Каменица без многу мака лесно прокнижи нови бодови откако славеше над Спорт Тим со резултат од 69:55.

Вардар го доби дербито со Пробаскет со кое дерби скопскиот тим прави сигурен четок за плеј-офот. Вардарки беа подобри со тесни 76:73.

Бадел го декласираше тимот на МЗТ Бела Вода со 80:54 со што лесно ја потврди убедливата победа. Екипата на Крива Паланка очекувано славеше над Патриот од Делчево со резултат од 100:84.

Во однос на табелата водечки е шампионот од Македонска Каменица, екипата на Баскет Кам има 28 бодови на своето конто, Крива Паланка е втора со 27 бодови, а пак со по 25 бодови Бадел и Вардар го делат третото место. Овие екипи се во зоната за плеј-офот.

Пробаскет е петти со 23 бодови, МЗТ Бела Вода е на шесттото место со 20 бодови, а на дното со по 16 бодови се Спорт Тим и Патриот од Делчево и овие две екипи ги очекува тесна трка за опстанок во кошаркарската елита на Македонија во женска конкуренција.

Александар Ванев, М-Нет