Осогово игра во фантастична форма, Детонит Плачковица и Новаци отворено целат кон местата за Прва лига!

Вчерашното 18. коло на Втората македонска фудбалска лига направи да биде исклучително густо во врвот од табелата и на тој начин да има „жешка“ пролет на патот кон влез во Прва лига.

Сега во игра се повеќе екипи во трката за влез во Прва лига по поразите на Охрид и Шкендија Арачиново.

Осогово игра во неверојатна форма со три победи во низа во пролетниот дел и тоа без примен гол што „жетварите“ на Крсте Крстев се зацврстуваат во зоната за директен опстанок, но притоа имаат отворен простор за висок пласман на табелата.

Детонит Плачковица и Новаци играат во неверојатна форма со што двете екипи се доближија до зоната за Прва лига, бидејќи радовишани имаат само пет бода негатива од првата позиција, додека пак Новаци е на минус четири од врвот. Радовишани вчера славеа победа над Слога во Виница од 0:4, а пак Новаци го доби Вардар Неготино во гости со 1:2.

Токму овие две екипи искористија најмногу во оваа коло по поразот на лидерот Охрид од Осогово и на Шкендија Арачиново од Скопје, со што пак „пиратите“ од Автокоманда директно го добија тимот од Арачиново и сега имаат само два бода негатива од лидерот Охрид, а притоа пак Брегалница сега е четврта со 37 бодови и три бода негатива од Охрид.

„Сините“ од Штип одиграа 0:0 против Тетекс во Тетово, а по мечот реагираат и се жалеа на судиски одлуки преку официјално соопштение.

Веќе в сабота ќе се играат мечевите од 19. коло и одново имаме натпревари каде може да очекуваме промени на табелата, многу работи ќе зависат од дербито меѓу Новаци и Брегалница, како и од дербито на Истокот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Беласица.

Александар Ванев, М-Нет