Шкендија Арачиново осамена на врвот – „бегство“ со пет бодови во однос на Брегалница и Охрид, два сериозни кандидати за испаѓање!

12-тото коло не направи многу големи промени на табелата во Втората лига, но лидерот Шкендија Арачиново успеа да се одлепи во однос на конкурентите и да има пет плус бодови.

Брегалница го доживеа првиот сезонски пораз откако го загуби дербито на Истокот од Беласица со минимални 0:1, меч кој го следевте на М Нет телевизија, а натпревар кој го реши Капсаров со неговиот гол, а Брегалница не реализираше пенал, а трагичар беше Темелков.

Охрид пак на „Билјанини Извори“ славеше со голот на Глигоров против Скопје со минимални 1:0, а пак лидерот Шкендија Арачиново се намачи во Неготино против Вардар славејќи со пресврт од 1:2 благодарние на головите на Десниќ и Трпески во финишот.

Детонит Плачковица со два гола во самиот крај од мечот одигра 2:2 против Саса и дојде до бод, а „рударите“ по мечот со соопштение се жалеа на судиската арбитража.

Кожуф и Осогово ги поделија бодовите, двете екипи одиграа 0:0, Слога Виница беше декласирана со 4:0 на гостувањето кај Новаци, додека пак Преспа со 4:2 годоби Големо Коњари. Со минимални 1:0 Тетекс ја доби Победа.

Александар Ванев, М-Нет