
Децата со посебни потреби да бидат вклучени во општетвото, бараат родителите. Со отворањето на првиот центар за рехабилитација во Штип, се очекува децата да бидат згрижени, но и да се работи со нив со цел да може да извршуваат одредени задачи. Зоран Мијалков, родител на две деца со посебни потреби вели дека од големо значење би била помшта од на пример пензионирани доктори, наставници, музичари кои би работеле со децата со попреченост.
„Многу од децата ќе бидат оспособени да можат да работат во производство на еко здрава храна. Ова е по примерот на родители од Швајцарија и можат да се вклучат сите граѓани. Еве на пример, ги повикуваме пенизонираните музичари, професори, да држат часови на нашите деца.“ – вели Мијалков.
Од друга страна и децата ќе имаат можност да вратат за услугите кои ги добиваат. На пример би можеле да пазаруваат за пензинерите, да помогнат во чистењето на градот и слично.
„Ние планираме нашите деца да вратат на оваа категорија граѓани, на пример со куување производи од пазарот за постарите. Исто така тие можат да се вклучат во чистењето на градовите.“ – додава Мијалков.
Привиот центар за рехабилитација во Штип би требало да биде отворен и во него да се згрижуваат деца со посебни потреби најмалку четири часа дневно. Дополнително во наредниот период ќе се работи и на отворање на младински центар во просториите на текстилното училиште со што ќе им се помогне и на децата и на нивните родители.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет