Шкендија Арачиново и Скопје до три бода, пораз за Осогово, реми за Слога Виница

Со висока победа од 7-0, екипата на Новаци го отвори десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига. Домашниот тим беше неприкосновен против Големо Коњари и со оваа убедлива победа ја потврди својата одлична форма.

На домашен терен Саса беше поразена од Скопје со 1-2, па гостите од главниот град освоија нови три бодови и продолжуваат со притисокот кон врвот на табелата.

Во Прилеп, екипата на Шкендија Арачиново славеше минимално со 0-1 против Победа, додека Кожуф го запиша својот втор сезонски пораз, откако на домашен терен загуби од Беласица со 0-2. Со оваа победа струмичкиот клуб стави крај на серијата порази.

Слога Виница конечно ја прекина негативната серија и стигна до бод — ремизирајќи 2-2 на гостувањето кај Вардар Неготино, во натпревар исполнет со неизвесност.

Тетекс на домашен терен убедливо славеше со 3-0 против Осогово, враќајќи се на победничките патеки, додека Охрид на гостувањето во Ресен ја совлада Преспа со 0-2.

Колото ќе биде затворено вечерва од 17:00 часот, со дербито под рефлектори во Штип меѓу Брегалница и Детонит Плачковица во живо на М Нет.

Александар Ванев, М-Нет