
Дербито под рефлектори во Штип заврши без погодоци, откако Брегалница и Детонит Плачковица одиграа 0:0.
Брегалница го препушти врвот на Шкендија Арачиново. Бодот за радовишани добива на тежина бидејќи во финишот голманот на гостинот доби црвен картон, но Детонит Плачковица и со играч помалку издржа.
Во следното коло Брегалница ќе оди во Виница кај Слога, а Детонит Плачковица ќе биде домаќин на Новаци.
Ќе следува подетален извештај на М Нет.
Александар Ванев, М-Нет