Шампионот Вардар апсолутен фаворит за дуелот со Бутел, вицешампионот Еурофарм Пелистер гостува кај Прилеп

ФОТО: РК Вардар1961

Седмото коло на ракометната Суперлига беше отворено со високата победа на Алкалоид над Струга со 33:22 со што тимот од Автокоманда експресно се врати на победите по поразот од Охрид.

Никола Костески беше најдобар стрелец со шест гола, кај Струга се истакна Мице Шилегов со пет погодоци.

Утре во 16:30 часот се игра дуел за прва победа на Куманово и Младост, два часа подоцна Прилеп ќе го пречека вицешампионот Еурофарм Пелистер.

Во недела од 12 часот шампионот Вардар како апсолутен фаворит ќе игра против Бутел, кој нема триумф по шест кола, а пак од 16 часот Мулти Есенс ќе се соочи со Охрид, каде гостинот има голема фаворитска улога.

Колото се затвара во понеделник со средбата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш, меч каде битолчани сакаат да триумфираат во обид да се фати приклучок за плеј-офот, а тимот од Кавадарци со триумф, може да избие на петтото место и да има сигурен пат кон плеј-офот.

Александар Ванев, М-Нет