
Жешки цени среде октомври на пазарот во Штип, доматот и по 80 денари за килограм, граѓаните велат прескапо е. Иако цените за продавачите и овој петок беа реални, сепак купувачите наогаа замерка. Денеска намногу се бараше пиперот, а по некој килограм и домат, колку да се помине седмицата. Побарувачка имаше и на карфиолот, кој денеска држеше висока цена.
Продавачите од пазарот велат дека производите се квалитетни и согласно тешкото производство цената е реална, пониску од оваа цена, велат би работеле бадијала, имајки предвид цената на нафтата и трошоците за препарати.
Дополнително денеска почна продажбата и на калинката, на мандарината, на убаво сушениот горски чај. Се продаваше и последниот ајварски пипер, последните лубеници и дињи од штипските и карбинските села.
Иван Митев, М-Нет