Во живо на М Нет: Македонија ЃП – Охрид, сабота од 14:30 часот

Утре се отвара осмото коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија одново ќе имате можност да следите второлигаши фудбал. Гледачите ќе може да го следат натпреварот меѓу Македонија ЃП и Охрид преку директен пренос кој започнува во 14:30 часот.

Меч каде „рибарите“ немаат право на грешка бидејќи може да го загубат првото место, а пак „лавовите“ со победа освен што ќе се сигурни во околу петтото место ќе може да им се отвори простор да напаѓаат и за позициите од горниот дел на табелата.

Охрид според ростерот и формата е фаворит, а пак Македонија ЃП ќе се потпира на домашниот терен и поддршката од домашната публика за да стигне до четвртата победа во осмиот меч.

Гледајте го мечот меѓу Македонија ЃП и Охрид, сабота од 14:30 часот на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет