Трета лига регион 3 продолжува без Тиверија која е исклучена од натпреварување, промени на табелата

Третата македонска фудбалска лига регион 3 ќе продолжи без Тиверија, струмичкиот тим е исклучен од натпреварување, со што сега ќе продолжи првенството со 11 екипи, во секое коло ќе има по една слободна екипа, а резултати со Тиверија се поништени и со тоа има промени на табелата.

Тиверија не одигра неоправдано два натпревари против Малеш во Берово од 3. коло, како и мечот со Каменица Саса во Македонска Каменица од 5. коло, што повеќе од јасно е дека одлуката значи исфрлање на тимот од натпреварување.

Огражден е прв на табелата со 13 бодови, втора е Победа од Валандово со бод помалку, но има и меч помалку, Брегалница од Делчево сега е на третото место и има седум бодови, а пак ланскиот второлигаш Каменица Саса е на четвртото место со шест бодови.

Четири екипи имаат по пет бодови позиционирани од четвротто до осмото место односно Малеш, Овче Поле, Хоризонт Турново и Дојранско Езеро, на деветто место со четири бодови е Ударник, ланскиот второлигаш Слога од Виница е на десеттото место со два бодови, Карбинци е последен без бодови.

Во шестото коло слободна ќе биде екипата на Карбинци, со што новиот тренер Влатко Новаков ќе причека за неговото деби до седмото коло, кога Карбинци ќе се соочи со Слога Виница.

Александар Ванев, М-Нет