
Традиционално во чест на денот на ослободувањето на Скопје се организираат големи спортски манифестации. Една од нив ќе се одржи на Базенот Борис Трајковски на 17 октомври а тоа ќе биде Меѓународен пливачки митинг „13 Ноември” во организација на Пливачкиот клуб Бета Шаркс од Скопје.

Натпреварот ќе се одржува во 4 дела,со утрински квалификации и попладневни финални трки. Поради почитување на протоколите на Националната пливачка федерација и препораките на Владата натпреварот ќе се одвива без присуство на публика.

Спортскиот педагог и тренер Мирко Јакимовски располага со добра одбрана млада екипа која во континуитет постигнува вредни резултати.

На овој пливачки митинг за ПСК ЧЕЛИЧНИ ШТИП ќе настапат Смилјан Нашков, Методи Георгиев, Ренато Ристов, Раде Ристов, Вероника Зашевска и Ивона Наумова во дисциплините слободно, градно и делфин.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk